Академија за сајбер безбедност
Времетраење: Полно работно време - 3 месеци | Скратено работно време - 6 месеци
Академија за сајбер безбедност
Времетраење: Полно работно време - 3 месеци | Скратено работно време - 6 месеци
На Академијата за сајбер безбедност изучувате градиво кое ги опфаќа теориските и практични вештини потребни за да стекнете знаење и сертификати за високо платени работни места и кариери во исклучително брз раст, бидејќи сајбер безбедноста е една од најбрзо растечките индустрии во светот во која и да нема невработени.
Академијата е забрзана програма за обука за сајбер-безбедност која има за цел успешно да ги подготви луѓето кои имаат мало или немаат никакво искуство во областа на Интернет Технологиите (ИТ) за почетни работни места од областа на сајбер-безбедноста, што доведува до профитабилен развоен пат во кариерата, за која постои огромна побарувачката на пазарот.
Академијата е во партнерство со ThriveDX, глобална компанија за сајбер вештини со голема посветеност на преквалификација и усовршување во сајбер-безбедноста. Американскиот универзитет на Европа – ФОН е првата високообразовна институција во регионот кој што станува регионален сертифициран центар ThriveDX.
од Факултетот за информатика
Сајбер-безбедноста е најбрзо растечкиот пазар во технолошката област сo раст oд 30 % во последната деценија. Не само што е топ тема, туку индустријата има 0% невработеност речиси една деценија. Со многу можности и конкурентна компензација, единственото нешто што стои помеѓу вас и профитабилната кариера ориентирана кон иднината е вашиот сет на вештини.
Додека напредокот во технологијата е меѓу главните двигатели на економскиот раст, тие исто така доведоа и до поголема инциденца на сајбер напади. Водечките трендови како што се е-трговија, мобилни плаќања, облак компјутери, големите податоци и аналитики, секојдневниот пристап до интернетот во целост, масовната употреба на интернет, е- учењето и социјалните медиуми, ги зголемуваат сајбер ризиците за компаниите и другите корисници.
Како што сајбер заканите бележат развоен успех и сеопфатност, бизнисите, владините агенции и другите организации се соочуваат со постојан предизвик да најдат и регрутираат вешти професионалци за сајбер безбедност, способни да ги заштитат своите системи од заканите на злонамерните ,актери’.
Потребата за обезбедувачи на сајбер-безбедност експоненцијално порасна, меѓу останатите причини и поради пандемијата предизвикана со вирусот SARS-CoV-2. Со фактот што милиони луѓе се принудени да поминуваат повеќе време во затворени простории и на интернет, создаден е огромен простор за сајбер-криминалците да ја искористат кризата, што резултира со уште поголема потреба од професионалци за сајбер-безбедност. Според извештајот на LearnBonds, 70% од големите компании ќе ги зголемат трошоците за сајбер-безбедност по коронавирусот за да се справат со зголемените предизвици и неочекуваните последици од глобалната пандемија.
ThriveDX е глобална компанија за сајбер едукација со посветеност за преквалификување на работната сила и унапредување на индустријата во сајбер безбедноста. Со иновативни и врвни решенија за образование и обука, ThriveDX се справува со двете најголеми закани за сајбер безбедноста: недостигот на таленти и јазот во способности и вештини.
Тимот на ThriveDX е составен од сајбер експерти, индустриски професионалци и едукатори обединети под визијата за создавање побезбеден дигитален свет преку образование, обука и соработка. Американскиот универзитет на Европа - ФОН е сертифициран центар ThriveDX кој ќе ги испорача овие програми за обука и сертификати за сајбер безбедност.
Програмата на нашиот партнер ThriveDX е развиена од тим од воени сајбер експерти, индустриски професионалци и едукатори со визија за создавање побезбеден дигитален свет преку образование, обука и соработка. Академијата за сајбер безбедност при АУЕ-ФОН е сертифициран центар кој што ќе ги испорача овие програми за обука и сертификати за сајбер безбедност до секој курсист.
Интерактивно и флексибилно учење од страна на врвни предавачи со инстант повратни информации
Наставна програма заснована на Националната иницијатива за образование за сајбер безбедност (NICE)
Пристап до тернинг училниците на нашиот партнер ThriveDX Cyber Experts за сите поставени прашања и одговори.
Упатство за барање работа и совети за вистински чекори во градењето кариера и силна професионална биографија во областа на сајбер безбедноста.
раководител на тренинг центар во ThiveDX
Регистрирај се за едно-дневен AUE - FON Cybersecurity Essentials еднодневна работилница.
Бесплатна проба на буткампот со пристап до демо верзија.
Ако гледате на продлабочување во техничка и динамична кариера, дојдовте на вистинското место. Вештините за сајбер безбедност отвораат врати за многу можности, идни работни места и можат да ви помогнат да се вработите како професионалец за сајбер безбедност на почетна позиција.
Ако сте подготвени да се префрлите во повозбудлива и позадоволувачка кариера, оваа програма за сертификати ќе ви помогне да преминете во сајбер-безбедноста, една од најбрзо растечките индустрии во светот. Без разлика каква е вашата позадина, нема предуслови за полагање на овој курс. Сè што ви треба е мотивација и одлучност да одите напред во Вашата нова кариера.
Ако барате повеќе практични вештини и специјализација во една од индустриите на иднината, Академијата за сајбер безбедност на АУЕ - ФОН е вистинското место за Вас! Придружете ни се во многу поинаков тип на училница, каде што се очекува да започнете да работите од првиот ден, подготвувајќи сè да се пренасочите на пазарот на труд за сајбер безбедност со сосема нов сет на вештини, кои итно им се потребни на корпорациите ширум светот.
Нашата Академија се одвива како комбинирано учење, кое комбинира учење од фасилитатор и самостојно учење. Ова е комбинација од групни сесии и индивидуално време за учење.
Полно работно време 3 - месечен временски период. Учесниците се состануваат секојдневно пет работни дена секоја недела (пон-пет), осум часовно учење дневно (вкупно девет часа со паузи). Секој ден вклучува четири часа со фасилитатор и четири часа индивидуална онлајн работа, со дополнителни паузи.
Скратено работно време 6 - месечен временски период. Сесии двапати неделно по четири часа со фасилитатор . Помеѓу сесиите, со јасни цели утврдени за групата од страна на фасилитаторот, студентите ќе ги завршуваат задачите користејќи ја платформата ThriveDX. Задачите на студентите ќе бараат секојдневна индивидуална работа преку Интернет (приближно 2-3 часа).
Пролетен Bootcamp: 2 мај – 30 септември
Есенски Bootcamp: 3 октомври – 31 март
8 часа настава со фасилитатор поделени во две сесии од 4 часа.
12 дополнителни часови индивидуална онлајн работа.
Курсевите се одржуваат online.
За да аплицирате за програмата, мора да пополните онлајн формулар за регистрација до 25 март (Пролетен Bootcamp) или до 30 септември (Есенски Bootcamp).
Целосната цена на програмата е 2.700 Евра
Нашите правила за повраток на пари се: